24фудбал

Зидан со пофалби за Аталанта: Очекувам убав фудбал, противникот има неверојатни индивидуалци

Францускиот фудбалски стратег мака мачи во однос на склопувањето на составот за пресметката со Италијанците, со оглед на фактот што бројни повреди има во редовите на „Кралевите“.

Лига на Шампиони

Утревечер Аталанта во Бергамо на домашен терен ќе го пречека Реал Мадрид во првиот меч помеѓу овие две екипи во осминафиналето од Лигата на шампионите, а домаќиноте, според букмејкерите е благ фаворит, најмногу поради проблемите со повредите со кои се соочува шпанскиот гигант.

Шефот на стручниот штаб на „Кралевите“, Зинедин Зидан и покрај проблемите во тимот, очекува победа на утрешното гостување, додавајќи дека нема да се задоволи со реми.

Сите фудбалери се важни, а секој тренер си има сопствени ресурси, добро си ги познаваме нашите квалитети, нашата сила, ќе се обидеме да го искористиме тоа што ни е на располагање, се подготвивме добро за овој меч, јас нема да се задоволам со реми, ќе играме на победа“ рече Зидан, а потоа упати и пофалби за противникот.

Немаме некои посебни познавања за нашиот противник, едноставно треба да ја играме нашата игра, но истовремено и да се адаптираме на играта на Аталанта, тие негуваат доста офанзивен фудбал, сличен со Ајакс пред неколку години, имаат неверојатно добри индивидуалци, доста солидна екипа, а јас очекувам добар натпревар“ додаде Французинот.