24фудбал

Лидс до убедлива победа над Саутемптон, минути и за Алиоски (ВИДЕО)

Тимот за кој настапува нашиот Езгјан Алиоски обезбеди нови три бода, мошне важни бодови за составот предводен од Марсело Биелса во битката за опстанок во елитното друштво.

Англија

Лидс дојде до убедлива победа од 3-0 на домашен терен против Саутемптон, а во првите 45 минути игра немаше погодок, со тоа што домаќините победата ја обезбедија во второто полувреме.

Бамфорд со голот во 47 минута го отвори мечот на резултатски план во корист на домаќините, а Далас во 78 минута веќе ја дуплираше предноста за Лидс, за веќе во 84 минута Рафиња со прекрасен гол од слободен удар да ги постави конечните 3-0 од оваа пресметка.

На мечот на „Еланд Роуд“ настап запиша и нашиот Алиоски кој влезе во игра во 59 минута, со тоа што за Лидс ова е 11 победа по 25 одиграни меча, а во моментов се наоѓа на 10 место на табелата во Премиерлигата со досега освоени 35 бода, односно 13 повеќе од Фулам кој е во опасната зона.