24фудбал

Пеп: Тоа што некои фудбалери го прават со Фантази е неетички и непрофесионално

Шефот на стручниот штаб на лидерот во Премиерлигата индиректно се приклучи на иницијативата да им се забрани на фудбалерите во тоа првенство да се натпреваруваат на мега популарната Фантази, која почна да им носи главоболки на тренерите.

Англија

Предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не крие дека фудбалерите дискутираат помеѓу себе за селекцијата на играчи на „Фантази“, која брои над осум милиони натпреварувачи ширум светот.

Сево ова доаѓа откако неколкумина во Астон Вила го тргнаа Џек Грилиш од нивниот состав, по што настанаа шпекулации дека првата ѕвезда на таа екипа е повреден, што на крајот излезе точно, па Дин Смит јавно посочи дека Лестер бил во предност поради оваа информација во поразот на свој терен со 1-2 од „Лисиците“.

„Фантази“ лудило: Астон Вила им забрани на своите фудбалери да се натпреваруваат по случајот со Грилиш

Смит веќе им забрани на своите фудбалери да се натпреваруваат на Фантази, а со тоа што го изјави Гвардиола и повеќе од веројатно е дека предводникот на „Граѓаните“ застана со поддршка за забраната која се најавува и во останатите клубови.

Знам дека фудбалерите се дел од таа игра, но навистина немам претстава како тоа функционира, никогаш не сум играл Фантази, а за сево ова разбрав од вестите низ медиумите во текот на вчерашниот ден“ изјави Гвардиола.

Селектирате фудбалери за вашиот тим, а фудбалерите сосема нормално имаат пријатели и во другите клубови, разговараат, дискутираат за ова, некогаш ќе се случи и сево ова, но истото е неверојатно неетички и непрофесионално, но не можете седа контролирате“ додаде тој.

Интересно е тоа што во целата оваа приказна место имаше и за нашиот интернационалец, член на Лидс, Езгјан Алиоски, кој беше тргнат од капитенот Лијам Купер во неговиот тим во пресрет на 25 коло, а Македонецот за прв пат по цели 17 меча стартер почна на клупата за резерви за гостувањето кај Вулверхемптон.