24фудбал

Манчестер јунајтед би можел да го ангажира Андре Силва

Ајнтрахт Франкфурт наводно би бил отворен за понуди до Силва кој сезонава игра во животна форма, а се верува дека и самиот Португалец, но и неговиот агент се отворени за трансфер во Премиерлигата.

Англија

Манчестер јунајтед на лето би можел да го ангажира офанзивецот од редовите на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва, меѓутоа, медиумите наведуваат дека сето тоа ќе зависи од статусот со Единсон Кавани, односно во случај да не продолжи соработката со Уругваецот.

25 годишниот Португалец Силва е во извонредна форма сезонава, откако постигна 19 погодоци на 22 настапи за Ајнтрахт Франкфурт, а има уште две години од својот договор со Бундеслигашот, кој наводно би бил отворен за понуди, сето тоа за да собере средства за да го врати назад целосно Лука Јовиќ кој настапува како позајмен од Реал Мадрид.

Силва и претходно беше поврзуван со можен трансфер во Премиерлигата, најмногу во 2017 година, меѓутоа се одлучи за трансфер во Милан, за потоа да биде испратен на позајмица во Севиља, односно Ајнтрахт Франкфурт.

„Сан“ наведува дека трансфер во Премиерлигата сега е голема цел и амбиција на фудбалерот, како и неговиот агент Жорж Мендеш.