24фудбал

УЕФА ќе го истражува инцидентот со Ибрахимовиќ во Белград

Извесно е дека на Црвена звезда нема да и помогне извинувањето до шведскиот ветеран кој се здоби со низа навреди кон себе на гостувањето во Белград во мечот од Лига Европа.

Лига Европа

Црвена звезда обезбеди реми со 2-2 на домашен терен против Милан во првиот меч помеѓу овие две екипи во 16 финалето од Лига Европа, но, српскиот тим би можел да се соочи со проблеми поради инцидентот со гостинскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ.

Од Црвена звезда му се извинија на Ибрахимовиќ, ветија ќе го пронајдат лицето кое го навредуваше Швеѓанецот (ВИДЕО)

Откако прослави гол на „Росонерите“, Ибрахимовиќ кој мечот го проследи од трибините, се здоби со низа навреди, а по сево ова следеше и јавно извинување од страна на Црвена звезда, од таму категорично порачаа дека сторителот ќе биде пронајден.

Како и да е, „Асошиејтед Прес“ денеска извести дека Црвена звезда би можела да се соочи со казна откако дисциплинската комисија при УЕФА детално ќе го истражува инцидентот од мечот во Белград.

Српскиот клуб немаше влезници за своите навивачи за тој меч, меѓутоа на официјални лица од клубот им беше дозволено да се најдат на трибинскиот простор.