24фудбал

Лукаку: Нашите тренинзи се како на воено поле

Интер го презеде лидерското место во Серија А, а секако дека голема заслуга има вториот стрелец во тоа првенство во моментов кој заостанува само еден гол зад Роналдо, Ромелу Лукаку.

Италија

Интер го доби големото дерби против својот градски ривал Милан и со тоа направи разлика од плус четири во однос на „Росонерите“ на лидерската позиција на табелата во Серија А, а во убедливата победа од 0-3 „царуваше“ на теренот Ромелу Лукаку со гол и асистенција.

Запрашан за зборовите кои ги упатил откако го постигна голот на дербито, белгискиот напаѓач не откри нешто детално, тврди дека тоа било резултат на адреналинот кој провладеал.

„Јас кажав многу с*ања, претпоставувам дека се работи за адреналин!“ изјави Лукаку.

Комуникацијата е клучна, имаме тим составен од фудбалери кои мошне добро се разбираат на теренот, но, најважното е што играме и соработуваме тимски на теренот“ додаде тој, а потоа наведе колку се исцрпни барањата на Антонио Конте за време на тренинзите..

Нашите тренинзи се како на воено поле, нашиот тренер секако не игра, има посебна замерка кон нас кога предолго ја држиме топката во посед индивидуално гледано, тоа воопшто не му се допаѓа, но, тоа и нам ни се допаѓа, станува збор за еден навистина тежок интензитет на работа“ заклучи Лукаку кој во досегашниот тек на сезоната во Серија А постигна 17 погодоци, еден повеќе од лидерот на листата на стрелците, Кристијано Роналдо од Јувентус.