24фудбал

Ристовски: Добив неколку навреди бидејќи потпишав за Динамо, но никогаш нема да кажам лош збор за Ријека

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски објаснува со какви проблеми се сретнал бидејќи потпишал за Динамо Загреб, но вели дека гине за секој дрес.

Македонија

Стефан Ристовски како играч на Ријека ја освои историската твојна круна, а сега веќе настапува за нивниот ривал Динамо Загреб.

Брзо откако потпиша за Динамо, му изјавија моменти како кога беше играч на Ријека го навредуваше клубот за кој сега игра.

„Тоа е добар пример за сите играчи, посебно за младите, тоа една школа во фудбалот и сигурно нема да им дозволам на моите деца така да се изразуваат. Беше непримерно, но каде и ида играм живеам за тој клуб, таков карактер сум. Го бранам тој клуб и живеам со клубот. Во Ријека имав убави моменти, ги почитувам и ги сакам луѓето таму, нека го сфатат тоа како сакаат, но тој период можеби ми е најдобриот во мојата кариера. И се надевам дека и во Динамо ќе имам такви моменти. Секако дека тоа не е убав пример сега кога ми ги извадија тие текстови, но страста и еуфоријата беа големи, не само за мене, туку за цела Ријека“, вели Ристовски.

Потоа призна дека бил навредуван од некои фанови на Ријека кога потпишал за Динамо.

„Добив неколку навреди, но никогаш нема да кажам ништо лошо за Ријека. Таку ги поминав најдобрите денови од кариерата, ги сакам тие луѓе и секогаш ќе ги исакам. Но јас сум професионалец, каде и да играм така се однесувам. Живиеам за тој клуб и така ќе биде и во Динамо. Кој и да ме навредувал, на кој тоа да му пречи, мене не ме интересира“.