24фудбал

Роналдо ни крив ни должен стана хит на социјалните мрежи: Кој од двајцата на сликата си ти?

Бразилската легенда Роналдо не по своја вина стана хит на социјалните мрежи, поранешниот фудбалер на Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан е светски позната личност, но очигледно има и такви кои не го познаваат.

Шпанија

Корисник на Твитер сподели разговор со газдарица на станот кој се обидел да го изнајми и веднаш стана хит на социјалните мрежи. Причината е бразилската легенда Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Давид Зату, на својот профил имал ставено слика со поранешниот фудбалер на Барселона, Интер, Реал Мадрид и Милан и бил прилично изненаден кога газдариата на станот го прашала, „Кој од двајцата на сликата си ти?“.

Гздарицата очигледно не знае кој е Роналдо, и добро го насмеа Давид Зату и корисниците на Твитер.