24фудбал

Фонт: Да го купиме Халанд? Барса е воз кој со 200 км/ч оди кон ѕид, треба да ги пружиме нозете колку што ни е чергата

Кандидатот за преседател на Барселона, Виктор Фонт вели дека клубот нема пари за трошење на големи имиња како Ерлинг Халанд.

Шпанија

Тони Фреиша вети 250 милиони евра за засилувања, ќе купи две големи имиња во нападот и едно во одбраната. Конкретни имиња не спомна но порача дека е возможно Барселона да се засили со Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

Виктор Фонт пак излезе со сосема спротивна изјава, вели дека Барселона нема пари за трошење на големи имиња како Ерлинг Халанд.

„Да го купуме Халанд? Ако сакаме да бидеме неодговорни, би можеле. Но Барса е воз кој со 200 км/ч оди право кон ѕид. Треба да ги пружиме нозете колку што ни е чергата“  - вели Фонт.

„Ангажман на Халанд или Мбапе е типично за галактико моделот на (поранешниот претседател на Барса) Жозеп Луис Нуњез и (претседателот на Реал Мадрид) Флорентино Перез. Нашиот модел е поразличен“.

„Најважно е да го задржие Меси, како на спортски план, така и на финсиски и институционален“.