Младата ѕвезда на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс вели дека има влијание од неговиот сонародник Кристијано Роналдо со кој заедно играат во португалската репрезентација.
Категорија: Шпанија 23.02.2021 10:59 Прочитано: 301 пати
Жоао Феликс вели дека не само на него, туку Роналдо се труди да им помогне на сите млади играчи во португалската репрезентација.
„Кристијано има големо влијание врз мене“, вели Жоао Феликс.
„Кога сме со националниот тим, тој секогаш се труди на мене и на сите млади играчи да ни даде совети за работата, мотивацијата и за се што може“.