24фудбал

Матје му дава поддршка на Ленгле и кажува свое искуство: Во соблекувалната на Барса се чувствував осамено, никој не ми даде поддршка

Жереми Матје зборува за неговото лошо искуство во последната година како фудбалер на Барселона, прави споредба со тоа што сега му се случи на Ленгле и му дава поддршка на дефанзивецот.

Шпанија

Кон Ленгле беше посочен прстот за киксот на Барселона против Кадиз, а Жереми Матје кој од 2014 до 2017 беше во какталонскиот клуб раскажува слично искуство и вели дека тогаш не добил поддршка од никој, се чувствувал осамен.

„Имав многу лош период во последната година во Барселона. Имав чувство дека поразот во Торино беше моја вина, но не разбирав зошто ме „убија“ мене, па 11 фудбалери играат фудбал“, вели Матје.

„Се чувствував осамен во соблекувалната, никој не ми даде поддршка, за мене тоа не е фудбал. Сега сите пукаат против Ленгле, знам како му е. Тој мора да биде позитивен и да ги сврти работите на најдобар начин на кој може“.

„Со Луис Енрике не зборував цела година. Ми требаше поддршка и тоа го најдов во Спортинг, тие ме охрабрија, но во Барселона ништо. Пример кога против Малага направив грешка, Луис Енрике ништо не ми проговори следниот ден, не ми кажа ниту една реченица“.

Матје смета дека и Гризман погрешил што го напуштил Атлетико Мадрид и се преселил во Барселона.

„Тој не е на нивото на кое беше во Атлетико Мадрид, мислам дека погреши што потпиша за Барса. Во Атлетико Мадрид беше многу значаен играч, не мислам дека е така во Барселона“.