Според „Телеграф“, Јулијан Нагелсман е прв фаворит за наследник на Жозе Мурњо, но Португалецот се уште има време да си ја задржи работата.
Категорија: Англија 23.02.2021 08:32 Прочитано: 544 пати
По одличниот старт на сезоната, Тотнем влезе во лоша форма по што се зголемија шпекулациите за отказ на Мурињо.
„Телеграф“ пишува дека клубот ги разгледува опциите за негов наследник, а прв пик е Јулијан Нагелсман.
Сепак според „Дејли Мејл“, следните четири меча ќе бидат клучни за Мурињо а противниците се такви да Тотнем треба да победи на секој од овие дуели.
Утре играат против Волфсбергер во Лига Европа, а потоа следуваат дуели од Премиерлигата против Барнли, Фулам и Кристал Палас.