24фудбал

Познато е кога се враќа Серхио Рамос

Рехабилитацијата на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се одвива според планот, позната е датата на негово враќање.

Шпанија

Според „АС“, Рамос своето враќање на теренот ќе го има на 13. март на дуелот на Реал Мадрид против Елче.

Три дена подоцна се игра реваншот против Аталанта во Лигата на шампионите и на тој меч се очекува Рамос да биде во стартниот тим.

Рамос на 30. март ќе наполни 35 години, но и покрај тоа тој се уште е еден од најдобрите дефанзивци во светот и неговото влијание во составот на Реал Мадрид е огромно.

Се верува дека тој ги игра последните месеци во Реал Мадрид, потоа ќе го напушти клубот бидејќи не може да најде заеднички јазик со раководството за продолжување на соработката.