24фудбал

Агуеро заминува од Сити, четири гиганти во трка по неговиот потпис

„Мирор“ пишува дека голема е веројатноста дека Кун Агуеро ќе си замине од Манчестер Сити во летниот преоден рок кога неговиот договор ќе истече.

Англија

Англискиот весник пишува дека тој веќе е контактиран од други клубови, а за неговиот потпис заинтересирани се четири гигианти.

Барселона, ПСЖ, Јувентус и Интер би сакале да го видат 32-годишниот Агуеро во своитие редови.

Аргентинецот отсекогаш велел дека кариерата сака да ја заврши во својата татковина, во клубот на Индепендиенте во родниот Буенос Аирес, но верува дека пред тоа да се случи има уште неколку сезони во Европа.