Луис Суарез откри нови детали за разделбата со Барселона, вели дека бил повреден кога му кажале дека бил стар и дека повеќе не може да игра на највисоко ниво.
Категорија: Шпанија 22.02.2021 23:39 Прочитано: 1367 пати
Барселона минатото лето реши да прави чистка, неколку играчи добија дозвола да заминат од клубот а еден од нив беше Луис Суарез. Напаѓачот се пресели во Атлетико Мадрид, каде прикажува одлични партии и има 16 погодоци во Ла Лига зад своето име.
Во разговор со Франс Фудбал, Уругваецот сега откри нови детали за разделбата со Барселона.
„Ме повредија со тоа што ми кажаа дека сум стар и дека повеќе не можам да играм на највиско ниво и за голем клуб. Ова ме вознемири многу“ – вели Луис Суарез.
„Ми кажаа дека повеќе не сметаат на мене и покрај тоа што имам договор. Повеќе не ме сакаа. Да не покажев ништо во Барселона ќе разберев, но постигнував по 20+ голови по сезона, имав добра статистика, само Лео Меси беше подобар од мене“.
„Многу засилувања не ги исполнија очекувањата, но јас достигнав одредено ниво во Барселона и го сторив она што се очкуваше од мене“.