24фудбал

Роналдо не може да погоди од слободен удар ама тешко се сопира кога ќе скокне, Јуве лесно се справи со Кротоне (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо со два гола го предводеше Јувентус до триумф од 3-0 над Кротоне, „старата дама“ со овие три бода се искачи на позицијата број три на табелата.

Италија

Јувентус без многу проблеми го сволада Кротоне во последниот натпревар од 23. коло во Серија А, Кристијано Роналдо со два погодока ја предводеше „старата дама“ до триумф од 3-0.

Португалецот мака мачи со слободните удари, денеска имаше опасна ситуација на 16-17 метри, но го погоди само својот соиграч Мекени. Но затоа ЦР7 тешко се сопира кога ќе скокне.

На асистенција на Алекс Сандро, Роналдо со глава донесе водство во 38. минута, за потоа во првата минута од надополнувањето да полета одново и да ја затресе мрежата на гостите за 2-0.

Сите дилеми беа решени по дваесет минути игра во второто полувреме, Мекени ги постави конечните 3-0.