На Јирген Клоп сигурно добредојдена би му била веста за враќањето на Жота, откако Ливерпул бележи очајни резултати изминатиов период со дури четири порази во низа во Премиерлигата, каде заостануваат 19 бода зад лидерот на табелата Манчестер Сити.
Категорија: Англија 22.02.2021 20:45 Прочитано: 264 пати
Диого Жота полека но сигурно се враќа на располагање на Јирген Клоп, откако Португалецот успешно ја помина рехабилитационата фаза, а ги одработи и полесните тренинзи, со што се верува дека ќе му биде на располагање на Клоп за гостувањето кај Шефилд Јунајтед претстојниов викенд.
На Островот наведуваат дека по два и пол месечна пауза, Жота конечно би можел да се врати на терените, а уште оваа седмица ќе започне со целосни тренинзи за Ливерпул, што е добра вест за „Редсите“ кои никако да ги решат проблемите со повредите, откако последниот во низата е Џордан Хендерсон.
Жота се повреди во ремито против Митјиланд со 1-1 во Лигата на шампионите, од тогаш па наваму пропушти дури 17 натпревари во сите конкуренции, а „Редсите“ добија само шест од тие пресметки, а дури седум порази.