24фудбал

Мурињо прв фаворит за отказ во Премиерлигата

Португалецот за момент ги прескокна Хоџсон и Брус по поразот од градскиот ривал Вест Хем изминатиот викенд, а Тотнем со 36 бода од 24 одиграни натпревари се наоѓа на очајното девето место на табелата во Премиерлигата, со дури 23 бода заостанување зад лидерот Манчестер Сити.

Англија

Жозе Мурињо е на прво место според букмејкерите за отказ во Премиерлигата со оглед на очајните резултати кои ги прикажува Тотнем изминатиов период, па така сериозно се разниша столчето на португалскиот фудбалски стратег.

„Спарси“ загубија на пет од последните шест меча, истовремено запишаа и пораз од Евертон во ФА купот, па се верува дека алармот е вклучен во клубот од Лондон кога се однесува статусот на Мурињо.

По Мурињо, на листата високо котираат уште и предводникот на Кристал Палас, Рој Хоџсон, односно на Њукасл, Стив Брус, а не се исклучува можноста ниту за отказ на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, па и германскиот фудбалски стратег се најде во ова друштво.

Многумина го критикуваат стилот на игра кој Мурињо го пренесе во Тотнем, кој речиси и воопшто да не носи резултати во силната Премиерлига, а запрашан за тоа дали би ги променил сопствените методи, Португалецот одговори децидно: Не, воопшто, нула“.