24фудбал

Донарума: Ние знаеме кои сме и каде посакуваме да бидеме, напред Милан

Милан загуби убедливо со 0-3 од својот градски ривал Интер во последниот меч во Серија А, па така „Росонерите“ сега заостануваат четири бода од „Нероаѕурите“ кои го презедоа лидерското место на табелата.

Италија

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума се одзва по поразот од Интер во Серија А, наведувајќи дека тој и неговите соиграчи точно знаат кои се и каде посакуваат да бидат, повика на сплотеност, алудирајќи на тоа дека ништо не е загубено.

Ние точно знаеме кои сме, и каде посакуваме да бидеме, сите заедно, како што е вообичаено, напред Милан“ напиша Донарума на социјалните мрежи.

21 годишниот голман останува во преговори со Милан за продолжување на соработката со овој клуб, а неговиот агент Мино Рајола се шпекулира дека посакува во новиот договор да биде вметната откупна клаузула во висина од 40 милиони евра.