24фудбал

Дали извиците на Лукаку по постигнатиот гол беа наменети за Ибрахимовиќ?

Прославата на Лукаку по постигнатиот гол против Милан е една од главните теми во италијанските медиуми.

Италија

На претходниот дуел меѓу Интер и Милан, Лукаку и Ибрахимовиќ влегоа во жестока расправија, па нивниот дуел синоќа беше следен со посебно внимание.

Интер победи со 3-0, а еден од головите беше дело на Лукаку. Откако го постигна голот тој извикуваше: „Тоа сум јас, тоа сум јас, јас сум најдобриот“.

Според „Газета дело Спорт“ и „Кориере дела Сера“, иако Лукаку не ги упати зборовите директно кон Ибрахимовиќ, тие веројатно се инспирирани од нивната кавга.

„Тој извикуваше во воздухот, не беше директно кон Ибра, но пораката можеби е за него“, напиша „Кориере дела Сера“.