По синоќешниот пораз од Аталанта, Наполи соопшти дека нивните претставници нема да зборуваат со медиумите во наредниот период.
Категорија: Италија 22.02.2021 09:17 Прочитано: 259 пати
На Наполи не му оди најдобро, по поразот од Гранада, го загубија и мечот со Аталанта.
Клубот донесе одлука Џенаро Гатузо и фудбалерите да не даваат изјави во наредниот период.
Медиумите шпекулираат дека се ближи крајот на Гатузо на клупата на Наполи, раководството наскоро ќе му врачи отказ.
Наполи не само што не е конкурентен за Скудетото, туку ја губи и битката за пласман во Лигата на шампионите.