24фудбал

Баерн Минхен можел да го ангажира Клоп, но го одбрале Клинсман, Румениге жали за одлуката

Јирген Клоп можел да има сосема поинаков пат во кариерата доколку во 2008 година раководството на Баерн Минхен решело тој да биде нивниот нов тренер.

Германија

Карл Хајнц Румениге потврди дека во 2008 година Баерн Минхен разговарале со Клоп за негов ангажман, но сепак на крајот се одлучиле за Јирген Клинсман, што се покажа како погрешен потег.

По крајот на сезоната 2007-2008 Отмар Хицфелд реши да се пензионира, па Баерн Минхен бараше замена за него.

Јирген Клоп беше слободен откако Мајнц не успеа да се врати експресно во Бундеслигата. Клинсман исто така беше слободен, тој претходно беше селектор на Германија.

И покрај недоволното искуство на Клинсман, неговото исксутво во Баерн Минхен како играч можеби било пресудно за да се донесе одлука тој да биде тренер на Баварците.

Клинсман доби отказ за нецела сезона, во април 2009 беше избркан откако Баерн Минхен беше трет во Бундеслигата и елиминиран од Лигата на шампионите и германскиот куп.

„Јас бев делумно одговорен што го донесовме Јирген Клинсман за тренер. За жал тоа не функционираше“, потврди Румениге.

„Беше и до Баерн, но едноставно не работеше. Многу ми е жал. Тоа беше лоша одлука и за двете страни“.

„Во тој период Ули Хенес разговараше и со Клоп. Требаше да одлучиме дали ќе го ангажираме него или Клинсман, и погрешивме“.