24фудбал

Каков гол на Халанд, Норвежанецот сега има повеќе голови од целиот тим на Шалке (ВИДЕО)

Ерлинг Халанд фантастично погоди против Шалке за погодокот број 16 оваа сезона во Бундеслигата, Норвежанецот сега има повеѓе погодоци од целиот тим на „сините“ од Гелзенкирхен.

Германија

Вечерва се игра големото дерби на Рур а Борусија Дортмунд со два гола доцна во првото полувреме, на пауза замина со 0-2.

Санчо го отвори резултатот во 42. минута по една загубена топка на Стамбули во опасната зона, за во 45. минута Халанд фантастично да погоди за 0-2. Санчо нафрли од левата страна, топката не беше идеална но напаѓачот одлично се снајде, скокна за да се намести на шут и со волеј ја затресе мрежата.

Интересно, за Норвежанецот ова беше погодокот број 16 оваа сезона во Бундеслигата, тој сега има повеќе голови од целиот тим на Шалке (15).