24фудбал

Каков гол на Јунес, Нојер само немоќно гледаше, Ајнтрахт го совлада Баерн (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 го совлада Баерн Минхен, Амин Јунес постигна прекрасен гол, Мануел Нојер немоќно гледаше како топката завршува во аголот.

Германија

Баерн Минхен киксна и на вториот меч по триумфот во Катар на Светското клупско првенство. Попладнево, избраниците на Ханси Флик загубија на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Домаќините одлично го започнаа мечот, по една убава акција, Костиќ му асистираше на Камада за 1-0. По половина час игра, Ајнтрахт стигна до 2-0. Амин Јунес постигна прекрасен гол, погоди во аголот а Нојер немоќно гледаше како топката завршува зад неговиот грб.

На стартот од вториот дел Левановски намали на 2-1, Баерн потоа силно притисна но не успеа да избегне пораз.

На останатите натпревари во Бундеслигата од 15:30 часот, гостите доминираа. Маинц ја совлада Борусија Менхенгладбах со 1-2, Штутгарт со 0-1 славеше кај Келн, а со ист резултат Унион Берлин го победи Фрајбург.