Бобан Николов е полн со пофалби за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, вели дека треба да добие и статуа.
Категорија: Македонија 20.02.2021 14:06 Прочитано: 307 пати
Запрашан за тајната на успехот на Пандев, Николов открива дека играчот на Џенова јаде киви и пие многу вода.
„Искрено, тој јаде киви и пие многу вода. Никогаш не сум видел такво нешто“, открива Николов во изјава за „Телеком Спорт“.
„Кога имав 20 години во националниот тим, тој ме зема под своја закрила. Според мене, треба да му изградиме статуа бидејќи ине знам дали има друг фудбалер во светот кој освоил се што може да се освои и рекол дека би ги дал сите тие титули за успех со националниот тим“.