24фудбал

Како што доликува: „Комити“ на спектакуларен начин го најавија дербито со Пелистер (ВИДЕО)

Продолжението од сезоната во првата македонска фудбалска лига стартува со предвидените натпревари во недела во рамките на 19 коло, а истиот ден на програмата е големото дерби помеѓу Вардар и Пелистер.

Македонија

Вардар се наоѓаше во исклучително тешка ситуација со оглед на финансиската криза која завладеа по заминувањето на Сергеј Самсоненко кој не ги исполни ниту обврските, ниту ветувањата, па на сцена настапија вардаровите „Комити“ кои презедоа иницијатива за спас на клубот.

За таа цел, во пресрет на дербито со Пелистер во недела, беа распродадени над 30,000 влезници, иако мечот поради пандемијата со ковид-19 ќе се игра без публика, а „Комитите“ на спектакуларен начин го најавија големото дерби, како и големата победа која ја извојуваа за спас на клубот, барем засега.

Инаку, по 18 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига, Вардар е на шестото место на табелата со 25 освоени бода, Пелистер е надесетата позиција со 18, односно позиција за која се игра бараж за опстанок во нашето елитно фудбалско друштво.