24фудбал

Покетино верува дека прашањето околу иднината на Мбапе ќе биде решено наскоро

Актуелниот договор на Мбапе со францускиот првак истекува идната година на лето, од клубот не кријат дека посакуваат да го решат ова прашање околу иднината на младиот напаѓач пред кого несомнено претстои блескава кариера.

Франција

„РМЦ“ извести дека ПСЖ пред неколку месеци почнал со преговори за продолжување на соработката со Килијан Мбапе, а на 22 годишниот напаѓач наводно му е понуден четири годишен договор.

Според информациите, фудбалерот се уште размислува на таа тема, а ситуацијата е секако фрустрирачка за самиот клуб ако се земе во предвид дека Мбапе идната година би можел да биде слободен играч на трансфер пазарот, меѓутоа во францускиот првак наводно се оптимисти дека ќе пронајдат решение по ова прашање.

Се чини дека оптимист е воедно и тренерот Маурицио Покетино, кој тврди дека прашањето околу иднината на Мбапе ќе биде решено наскоро.

Тој е фудбалер од светска класа, огромен потенцијал, многу млад и има одлична перцепција на теренот, ПСЖ може да му ги овозможи сите можни услови за дополнителен развој, а воедно и самиот тој да биде среќен“ вели Покетино.

Треба да му укажете доверба на фудбалер од ваков калибар, да му излезете во пресрет и да покажете разбирање за тоа што му е потребно, јас сметам дека ова прашање ќе биде решено наскоро“ додаде аргентинскиот фудбалски стратег кој со ПСЖ е пред пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако на првиот меч кај Барселона неговите избраници извојуваа убедлива победа од 1-4, а посебно расположен за игра беше токму Мбапе.