24фудбал

Сон: Уживам да играм со Герет Бејл

Сон вели дека е среќен што Герет Бејл доби поголема минутажа на синоќешниот меч против Волфсбергер и тој ужива да игра со Велшанецот.

Лига Европа

Герет Бејл синоќа го имаше најдоброто издание во дресот на Тотнем откако асистираше за гол на Сон, а подоцна и самиот тој се запиша во листата на стрелците.

„Имам навистина близок однос со него. Многу сум среќен што доби време и постигна гол и имаше асистенција, навистина уживам да играм со него“, вели Сон за Бејл.

А Бејл е среќен порад погодокот и се надева дека Тотнем ќе почне серија победи.

„На овој меч целта ни беше да постигнеме колку што е можно повеќе гола и да ја зголемиме самодовербата“, вели Бејл.

Јасно е дека не победивме на многу натпревари во последно време и тоа ни влијаеше на губење на самодовербата. Се надевам дека сега ќе почнеме добра серија“.

„Добро беше што постигнав гол. Ја вратив топката и ја шутнав. Беше убаво да се запишам во листата на стрелците и да му помогнам на тимот“.

„Добро е кога ќе се постигнат четири гола на гостински терен, но реваншот треба да го почнеме како да е 0-0“.