24фудбал

Десетуваниот Наполи загуби од Гранада, Антверпен и Ренџерс одиграа луд натпревар (ВИДЕО)

Наполи и Елиф Елмас се поразени со 2-0 на гостувањето кај Гранада во првиот натпревар од шеснаесетфиналето од Лига Европа, Анверпен и Ренџерс одиграа луд меч со два пресврти и седум погодока.

Лига Европа

Наполи десеткуван од повреди со само 12 првотимци и голман, вечерва загуби од Гранада со 2-0 и ќе треба добро да се помачи на реваншот за седум дена доколку сака да го продолжи настапот во Лига Европа.

Се беше решено на средината од првото полувреме, Ерера погоди за 1-0 во 19. минута а Кенеди зголеми на 2-0 во 21. минута.

Нашиот Елиф Елмас одигра цел натпревар, но не можеше да стори ништо за подобар резултат на Наполи на гостувањето во Шпанија.

Антверпен и Ренџерс одиграа луд натпревар со седум погодоци. Гостите поведоа, но домаќините со два доцни гола во првото полувреме, заминаа на пауза со предност од 2-1.

Ренџерс изедначи по еден час игра, за Антверпен да поведе со 3-2 во 66. минута. Избраниците на Џерард сепак не се октажаа и со два гола во финишот стигнаа до триумф од 3-4.

Бенфика и Арсенал одиграа 1-1, Ајакс со 1-2 славеше кај Лил, Шахтар со 0-2 го совлада Макаби Тел Авив, со ист резултат победи и Виљареал на гостувањето кај Салцбург а Молде и Хофенхајм одиграа 3-3.