24фудбал

ЛЕ: Ристовски и Адеми со Динамо триумфално низ Русија, Црвена звезда до реми против Милан (ВИДЕО)

Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми покажа вистинска класа на гостувањето кај Краснодар и си обезбеди предност во пресрет на реваншот, Црвена звезда му откина победа на Милан во самата завршница од пресметката.

Лига Европа

Ја бележиме победата на Динамо Загреб кај Краснодар со 2-3, што е изненадување од денешните досегашни одиграни натпревари, а хрватскиот претставник два пати го враќаше своето водство, откако Петковиќ во 15 минута погоди за 0-1, а домаќинот преку Берг во 28 минута израмни на 1-1.

Во второто полувреме три погодоци, најпрво Петковиќ со својот втор гол на мечот, овој пат во 54 минута повторно ги донесе „Модрите“ во водство, овој пат од 1-2, а Клаесон во 69 минута израмни на 2-2, но Атиемвен во 75 ги постави конечните 2-3 од оваа пресметка за Динамо Загреб, во чии редови сите 90 минути ги одиграа нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.


Црвена звезда на два пати се враќаше од негатива против Милан на домашен терен во првиот меч помеѓу обете екипи во 16 финалето од Лига Европа, а во Белград немаше победник откако гостите испуштија победа во самиот финиш.

Иако играше со играч помалку од 77 минута по исклучувањето на Родиќ, Црвена звезда со голот на Павков во 90 минута израмни на 2-2 и обезбеди реми пред реваншот со „Росонерите“, кои претходно со автоголот на Панков, како и погодокот од пенал на Ернандез имаа водство на два пати, а Канга беше умешен од белата точка по што израмни на 1-1.