24фудбал

Пандев: Ќе се кандидирам за претседател на ФФМ ако се промени Статутот!

Во изјава за „Спорт1“, капитенот на македонската репрезентација вели дека би прифатил кандидатура за претседател на ФФМ, но услов за тоа ќе биде да се промени Статутот на федерацијата.

Македонија

ФФМ одбива да го прилагоди Статутот со Законот за спорт на Македонија и да им даде на клубовите да одлучуваат кој ќе го води фудбалот.

Горан Пандев кој е при самиот крај на фудбалската кариера, во изјава за „Спорт1“ вели дека со задоволство ќе се кандидира за претседател, но само доколку се промени Статутот, тој не сака да го води фудбалот без поддршка од клубовите.

„Без усогласување на Статутот со Законот за спорт, што значи без клубовите да решаваат за македонскиот фудбал, немам намера да се кандидирам за претседател на ФФМ. Ако се усогласи Статутот и ако клубовите од Прва и Втора лига ме предложат за кандидат за претседател и гласаат, јас со голема чест и задоволство би прифатил да бидам претседател на ФФМ. Во друг случај, во ваква состојба – никако! Па еден великан како Панчев знаеме како помина на избори со ваква структура“, вели Пандев за „Спорт1“.

„Јас сум за доброто на фудбалот и вакви работи какви што се случуваат во македонскиот фудбал нема ни во Зимбабве. Ако не се смени состојбата, а веќе најавив, ако клубовите не бидат тие што решаваат, јас ќе завршам и со проектот Академија Пандев. Зошто би давал(е) пари, ако други решаваат за фудбалот“.