24фудбал

Без промени на ФИФА ранг листата, Македонија останува на истото место

На првата ФИФА ранг листа во 2021 година, македонската фудбалска репрезентација остана на 65. место.

Македонија

Со оглед на тоа што во изминатите два месеци немаше репрезентативни натпревари, ФИФА ранг листата не претрпе големи промени.

Нашата репрезентација остана на 65. место на листата со 1.362 бодови. 

Нема промени ниту во топ десет листата, Белгија и понатаму е прва, а по неа се Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.