Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло вели дека имало пенал за стартот на Заиду врз Роналдо и додава дека судијата требал да има храброст и да свирне пенал иако натпреварот бил завршен.
Категорија: Лига на Шампиони 18.02.2021 13:07 Прочитано: 351 пати
Во последните мигови од мечот помеѓу Порто и Јувентус, Заиду несмасно стартураше и го собори Роналдо во шеснаесетникот. Судијата не досуди ништо и кратко по инцидентот означи крај на натпреварот.
Најголемиот дел од стручните коментатори ширум Европа беа убедени дека имало пенал а исто мислење дели и Андреа Пирло. Тренерот на „старата дама“ исто така додава дека судијата требал да има храброст и да покаже на белата точка иако натпреварот бил завршен.
„Мене ми се чини дека имаше пенал. Судијата ни даде објаснување и ни кажа дека мечот е завршен и затоа не сака уште еднаш да ја погледне ситуацијата на мониторот крај теренот. Ова е чудно, бидејќи се работи за шанса која може многу да го промени резултатот“ – вели Пирло.
„Иако натпреварот е завршен, судијата треба да има храброст да ги погледне повторените снимки и да досуди пенал“.
Со ВАР можна е една ваква ситуација, во германската Бундеслига, на дуелот Мајнц-Фрајбург, судијата означи крај на првото полувреме, играчите се упатија кон соблекувална, па судијата ги врати назад на терен бидејќи ВАР забележа играње со рака и пенал.