24фудбал

Од професори на Харвард за одбрана, дефанзивата на Јувентус сега служи за потсмев и мајтап (ФОТО)

Одбраната на Јувентус изминативе години важеше за една од најдобрите, но синоќа не беше на потребното ниво против Порто, ситуацијата при вториот гол на домаќините беше искористена за потсмев и мајтап на социјалните мрежи.

Лига на Шампиони

Со Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи во срцето на дефанзивата, противниците често имаа мака против Јувентус. Пред неколку години, Жозе Мурињо изјави дека Кјелини и Бонучи можат да предаваат на Харвард за игра на стопери.

Но ситуацијата не е таква оваа сезона, Кјелини и Бонучи поради честите повреди не играат на највиско ниво, младите Де Лихт и Демирал имаат уште многу да учат, па дефанзивата на „старата дама“ сега служи за потсмев и мајтап на социјалните мрежи.

Бетанкур со катастрофална грешка му подари на Порто водство, а за вториот гол, Марега прими топка во моменти кога имаше дури седум играчи на Јувентус во шеснаесетникот и без многу мака го совлада Шчесни.