24фудбал

Ле Паризиен: ПСЖ ја одреди цената на Мбапе, ќе бара најмалку 200 милиони евра

Според пишувањата на Ле Паризиен ПСЖ ја одредил цената на Килијан Мбапе и ќе бара најмалку 200 милиони евра за разделба со напаѓачот.

Франција

Килијан Мбапе е под договор со ПСЖ до 2022 и доколку не ја продолжи верноста, „светците“ ќе бидат принудени летоска да го стават на продажба. Преговори се водат подолго време, но напаѓачот никако да донесе одлука.

По убедливата победата на Камп Ноу над Барселона од 1-4, Килијан Мбапе беше запрашан дали останува во Париз а тој изјави дека би било глупаво на основа на еден натпревар да донесе одлука за својата иднина.

Според пишувањата на Ле Паризиен, ПСЖ се подготвува за секакво сценарио и веќе има поставено цена.

Доколку „светците“ се принудени да се разделат со Килијан Мбапе, ќе бараат најмалку 200 милиони евра.