24фудбал

Пепе: Добро го простудиравме Јувентус

Дефанзивецот на Порто, Пепе вели дека добро го проучиле Јувентус и ги исполниле барањата од тренерот, затоа и го победиле големиот противник.

Лига на Шампиони

Порто имаше и 2-0 против Јувентус, но во финишот прими гол, па на крајот славеше победа од 2-1.

„Добро го простудиравме Јувентус“, вели Пепе.

„Тимот го исполни тоа што го побара тренерот. Знаевме дека требаше да притиснеме силно за да го оневозможиме Јувентус да го игра својот фудбал“.

„Тешко е кога ќе се прими гол на домашен терен, но одигравме одличен натпревар“.