24фудбал

На Роналдо не му се веруваше како ова не е пенал , беше ли оштетен Јувентус во финишoт од мечот? (ВИДЕО)

Јувентус загуби со 2-1 на гостувањето кај Порто но гостите можеа да стигнат до подобар резултат доколку во финишот од мечот добиеа пенал за еден несмасен старт на Заиду врз Роналдо.

Лига на Шампиони

„Старата дама“ не беше на потребното ниво вечерва па губеше со 2-0 на стартот од второто полувреме. Киеза сепак погоди во 82. минута и намали на 2-1. Гостите во финишот притискаа по втор гол и во последните мигови Кристијано Роналдо падна во шеснаесетникот по еден несмасен старт на Заиду.

Сепак, судијата не се огласи ниту пак беше корегиран од ВАР а ЦР7 не можеше да поверува дека нема најстрога казна.