24фудбал

Бентанкур со катастрофална грешка, Порто го совлада Јувентус, Халанд со два гола донесе триумф за Дортмунд (ВИДЕО)

Порто ќе патува со 2-1 на реваншот во Торино против Јувентус, Киеза во финишот го направи поднослив поразот, Халанд со два гола ја предводеше Борусија Дортмунд до триумф од 2-3 кај Севиља.

Лига на Шампиони

Порто славеше над Јувентус во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Една катастрофална грешна на Бентанкур му овзоможи на Тареми да донесе водство за домаќините по 60 секунди.

На стартот од вториот дел, Марега го совла Шчесни за 2-0 и најави добар резултат за Порто. Сепак, во финишот од мечот Киеза погоди за 2-1 и го направи поднослив поразот.

Во Севиља, Халанд со два гола ја предводеше Борусија Дортмунд до триумф од 2-3.

Сусо донесе водство за домаќините во 7. минута, но гостите брзо го свртеа резултатот во своја корист. Дахуд изедначи на 1-1 а потоа на сцена стапи Халанд. По едно двојно поигрување со Санчо, Норвежанецот донесе 1-2, а кон финишот на првиот дел, заврши една брза транзиција за 1-3.

На пет минути пред крајот Де Јонг погоди за 2-3 и колку толку ја остави Севиља во игра.