24фудбал

Почетни состави: Кулушевски во друштво на Роналдо во нападот на Јувентус (ФОТО)

По вчерашните дуели каде ПСЖ и Ливерпул обезбедија победи во првите дуели против Барселона, односно Лајпциг, вечерва на програмата нови две пресметки во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Порто на домашен терен го пречекува Јувентус, а Севиља го пречекува составот на Борусија Дортмунд, обата меча се играат со почеток од 21 часот, а имаме можност да ги проследиме почетните состави.

Порто и Јувентус ќе играат во идентична формациска поставеност од 4-4-2, а тоа што се најавуваше во почетниот состав кај „Старата дама“ се оствари, „нашинецот“ Дејан Кулушевски ќе почне од првата минута, а покрај него и Американецот МекКени.


Што се однесува пак до дуелот помеѓу Севиља и Борусија Дортмунд, домаќините нешто поофанзивни (4-3-3) во поглед на формациската поставеност од гостите (4-3-2-1).

Кај домаќините ќе напаѓаат Сусо, Ен-Несири и Гомез, кај „Милионерите“ пак главна опасност кон противничкиот гол ќе биде Халанд, нешто поназад ќе му помагаат Санчо и Ројс.