24фудбал

Барди погоди против лидерот Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Македонецот успеа да го отвори резултатот во полза на Леванте за кого сигурно бодовите му се од огромно значење во битката за опстанок во шпанското елитно фудбалско друштво, иако, како тргна тимот од Валенсија, не би било изненадување и излез во Европа.

Македонија

Леванте дојде до почетна предност од 1-0 во дуелот против Атлетико Мадрид на домашен терен, инаку одложен од второто коло во шпанската Примера, каде лидери се токму „Јорганџиите“.

Тоа што нам секако не радува е фактот што голот за водство на Леванте во 17 минута го постигна нашиот репрезентативец Енис Барди.