24фудбал

Клоп: Знаеме дека многумина очекуваа повторно да се „сопнеме“

По трите порази во низа во Премиерлигата, се чини дека актуелниот првак го загуби здивот со Манчестер Сити кој веќе направи и повеќе од солидна разлика, па победата во Лигата на шампионите дојде како добредојдена за Клоп и неговите избраници.

Лига на Шампиони

Салах и Мане во временска дистанца од само три минути во второто полувреме донесоа победа (0-2) за Ливерпул од гостувањето кај Лајпциг во Германија во првиот меч помеѓу овие две екипи во рамките на осминафиналето од Лигата на шампионите.

Се чини дека предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп за момен може да здивне по оваа посакувана победа, а свесен за лошата форма на неговиот тим изминатиов период, тој вели дека јасно е дека многумина очекувале повторно да се „сопнат“.

Ова беше натпревар онаков каков што ние го посакувавме, а воедно и онаков каков што ни беше потребен, Лајпциг знае да биде вистинско чудовиште, но ние ја контролиравме играта, одигравме навистина убав натпревар и го добивме посакуваниот резултат“ изјави германскиот фудбалски стратег.

Се одбранивме на одличен начин, ова беше тежок меч само два дена по последниот претходно, но, ова е само еден од двата меча, ние сме свесни и знаеме дека многумина очекуваа повторно да се сопнеме“ заклучи Клоп.

За Ливерпул и Клоп претстојниов викенд следи нов предизвик, овој пат во Премиерлигата, а таму на домашен терен го пречекуваат градскиот ривал Евертон во рамките на 25 коло.