24фудбал

Избраниците на Ангеловски беа подобри од Работнички

Селекцијата од фудбалери на Игор Ангеловски за мини-тренинг кампот со 2-0 го победи Работнички во контролниот натпревар.

Македонија

Селекторот Ангеловски денеска имаше прилика да ги види на дело фудбалерите кои ги одбра трененинг кампот.

Тие се покажаа во солидно светло и го победија Работнички со 2-0 на мечот кој се играше во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Дориев во 15. минута го отвори резултатот, а Исмаили во 65. минута гии постави конечните 2-0.

Селекцијата на Ангеловски: Захов, Китановски, Манев, Личина, Ашковски, Тотре, Радески, Стоилов, Дориев, Д. Елези, Цветаноски.

Играа и: Јанков, Тимовски, Шеји, Исмаили, А. Елези, Адем, Станковски, Ѓорѓиевски, Ибиши.

Работнички: Мустафа, Ристески, Кировски, Ѓорѓевиќ, Пецов, Стојков, Тодоровски, Ристовски, Стојкоски, Ѓурѓевиќ, Станковски.

Играа и: Герасимовски, Зекири, Зука, Лазаров, Ангелов, Рушту, Максимов, Петковски, Јефтоски, Прелчец.


Фото: ФФМ