24фудбал

Хабиб се пофали, го доби дресот на Мбапе со кој Французинот даде три гола против Барселона (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов имаше привилегија од ложата на Камп Ноу да го гледа натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ, а по крајот си го ќари дресот од Мбапе со автограм.

Лига на Шампиони

Натпреварот се играше без публика, но Хабиб како гостин во ложата го гледаше натпреварот на Камп Ноу.

За време на мечот на својот инстаграм профил објави неколку сторија од кои највредно беше тоа кога го покажува подарокот од Мбапе, дресот на напаѓачот со потпис.