24фудбал

Сејдини и 14. величествени на албум со сликички за ЕП 2021 (ФОТО)

„Спорт1“ направи брилијантна монтажа од луѓето кои меѓусебе си поделија 300.000 евра небаре тие се заслужни за пласманот на Македонија на Европското првенство.

Македонија

Синоќа се појави информацијата дека претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и останатите 14 членови на Управниот одбор си поделиле по 20.000 евра како премија за пласманот на Македонија на Европското првенство.

Замислете претседателот на РФМ, Живко Мукаетов со својот УО да си делеа премии за секој пласман на Македонија на Светско и Европско првенство...

Тоа што го прави ФФМ е уникатно, ниту една федерација досега не си делела премии меѓу вработените за пласман на некое натпреварување. Обично премиите одат на адреса на фудбалерите кои на теренот директно го креираат успехот, а функцинерите за својата работа си добиваат плата.

Откако Сејдини и УО на ФФМ си дадоа такво значење дека тие се заслужни за пласманот на Македонија на ЕП и меѓусебе си поделија 300.000 евра, по 20.000 за секој, „Спорт1“ ги овековечи и во албум со сликички. Заслужуваат, зарем не? 


Оригиналната верзија на Спорт1, можете да ја прочитате - ТУКА.