24фудбал

Пепе: Никогаш не сум играл против Роналдо, ова ќе биде посебен меч

Денеска Порто го пречекува Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, Пепе ќе игра против Кристијано Роналдо, неговиот долгогодишен соиграч.

Лига на Шампиони

Пепе и Роналдо заедно го носеа дресот на Реал Мадрид, а постојано се соиграчи и во португалската репрезентација, но овој пат ќе играат еден против друг.

„Се надеваме дека ќе победиме, но знаеме дека ќе биде многу тешко“, вели Пепе.

„Јувентус е тим кој може да смета на некои големи фудбалери, вклучувајќи го и најдобриот во светот, Кристијано Роналдо, па нема да биде лесно“.

„Ќе го дадеме најдоброто и ќе се обидеме да ги следиме насоките на нашиот тренер и се надеваме дека ќе излеземе како победници во двете рунди и ќе одиме понатаму“.

„Ќе биде посебно тоа што ќе играм против Роналдо, никогаш не сум играл против него во мојата кариера иако многупати сме тренирале заедно“.

„Но ова е повеќе Порто против Јувентус отколку Пепе против Роналдо, се надевам дека ќе можеме да го побдиме Јуве за првпат“.