24фудбал

Мбапе ја „потопи“ Барса па го „олади“ ПСЖ: Би било глупаво на основа на еден меч да донесам одлука за иднината

Килијан Мбапе вечерва блесна против Барселона и со хет-трик го предводеше ПСЖ до триумф на Камп Ноу од 1-4, Французинот потоа проговори за својата иднина.

Лига на Шампиони

Килијан Мбапе е во преговори со ПСЖ за нов договор и се верува дека Французнот бара гаранции дека „светците“ во иднина ќе имаат тим за највисоки дострели, односно триумф во Лигата на шампионите.

Вечерва ПСЖ покажа дека може да се надигрува со најголемите во Европа, одигра брилијантно против Барселона и славеше со 1-4 на Камп Ноу. По одличната партија на „светците“, Килијан Мбапе беше запрашан за иднината.

„Би било глупаво на основа на еден меч да донесам одлука за мојата иднина. Треба да се мисли на долг план. Секогаш сум велел дека сум среќен тука, го ценам многу дресот на ПСЖ, овој клуб ми е при срце“ - рече напаѓачот, кој три пати ја тресеше мрежата на Тер Штеген.