24фудбал

Куман за ова ли го стави Пике во игра, за вака да го чува Мбапе? (ФОТО)

Килијан Мбапе со хет-трик го предводеше ПСЖ до голем триумф над Барселона, Французинот во голем број наврати беше нерешлива енигма за дефанзивците на Барселона.

Лига на Шампиони

Килијан Мбапе важи за еден од најексплозивните и најбрзи играчи, па вечерва им создаде многу мака на фудбалерите на Барселона. Французинот постигна хет-трик но имаше уште неколку моменти кога беше нерешлива енигма за дефанзивците.

На стартот од второто полувреме, Жерард Пике немаше што друго да прави освен да го фати Килијан Мбапе за дрес и да го влече.

Потегот беше причина за голем мајтап на социјалните мрежи но Шпанецот можеби не е целосно виновен за оваа ситуација. Тој нема одиграно ниту една минута од 21. ноември кога заработи сериозна повреда на коленото, и вечерва по речиси три месеци пауза требаше да справува со Килијан Мбапе. Роналд Куман очигледно сметаше на искуството на Пике, но тоа малку вреди против бризната на напаѓачот на ПСЖ.