24фудбал

Пеп до Зинченко: Најважното е што и се допаѓам на твојата сопруга

Се чини дека шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се уште не ги заборавил коментарите на Влада Седан, сопругата на Олександр Зинченко по шокантната елиминација на „Граѓаните“ од Лион во Лигата на шампионите ланската сезона.

Англија

Презентерката од тв екраните, Влада Седан лани не го криеше револтот, па распали по Гвардиола на социјалните мрежи, вперувајќи го прстот кон него како главен виновник за елиминацијата во Лигата на шампионите од Лион, а нејзиниот сопруг не доби прилика за настап, но тој и самиот свесно наведе дека му е повеќе од јасно дека тие нејзини коментари не требало да ги објавува.

Како и да е, Влада сега открива и една доста интересна ситуација од роденденот на Гвардиола, односно што се случило кога Зинченко се обидел да се пошегува со својот тренер кој на 18 јануари наполни 50 години.

Зина (Зинченко) секогаш е истиот, прво комплименти, најдобрите желби, а потоа и малку шега“ вели Влада.

Зина му рече на Гвардиола Веќе наполни 50 години, тоа се многу години...“ открива таа.

А Пеп му возврати: ‘Алекс, најважното за мене е тоа што и се допаѓам на твојата сопруга, ќе бидам во ред“ додаде Влада.