24фудбал

Игуаин посакува трансфер на Модриќ во Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин се надева дека Лука Модриќ многу брзо ќе пристигне на Сантијаго Бернабеу.

Шпанија
Плејмејкерот на Тотенхем, Лука Модриќ силно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.
 
Игуаин има убави зборови за Хрватот и посакува Модриќ колку што е можно побрзо да го облече дресот на Кралевите.
 
"Го гледав Модриќ на ЕВРО 2012 и во Тотенхем претходно" - вели Игуаин за AS.
 
"Тој е фудбалер кој го сака овој клуб. Посакувам трансферот да се реализира колку што е можно побрзо, тоа ќе биде добро за тимот".