24фудбал

И Тетекс против Сејдини: Клубовите фрлаат пари за анонимуси да решаваат во ФФМ!

Еден од најголемите македонски фудбалски брендови Тетекс од Тетово објави дека нема да учествува на Собранието на општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово, ниту на Собранието на ФФМ закажанио за 14 март, со барање прво да се усогласи Статутот на куќата на фудбалот со Законот со спорт, а потоа да се избираат раководни тела на организацијата.

Македонија

Неколку часа откако актуелниот прволигашки лидер Шкендија објави дека ќе ги бојкотира Собранието на ОФС Тетово задутре и Собранието на ФФМ и истите се невалидни, сега и од Тетекс објавија дека нема да учествуваат во комплетната фарса која повеќе од еден месец се случува низ Македонија со изборот на делегати и претседатели по општинските сојузи.

Целиот став на „штофарите“ ви го пренесуваме во целост.

„Сакаме да ја информираме целокупната јавност дека ФК Тетекс 1953 нема да учествува на Собранието на ОФС Тетово на 18.02.2021, а со тоа ниту на Собранието на ФФМ на 14.03.2021 година.

Немаме ништо против никого во овие две фудбалски организации, но време е клубовите да бидат тие кои ќе одлучуваат во фудбалот. ФК Тетекс 1953 нема да поддржат изборен процес според Статут кој е спротивен на Законот за спорт, без разлика кои ќе бидат кандидатите и кој ќе биде избран за Претседател и други тела на овие две фудбалски организации.

Според овој модел клубовите и оние кои инвестираат големи суми на пари во фудбалот се ставени во втор план и немаат можност да одлучуваат кој да го води фудбалот во Македонија. Предлагаме изборот на нов Претседател и органи на ОФС Тетово и ФФМ да се случи после усогласувањето на Статутот со Законот за спорт, како и комплетна реорганизација на Општинските фудбалски сојузи. Со ваква поставеност клубовите од 1 и 2 лига, каде се вложуваат најголеми средства се ставаат во позиција да бидат надгласувани од фудбалси анонимуси, а ОФС да предлага нефудбалски луѓе во органите и телата на ФФМ. Во овој момент ни се случува клубови кои вложуваат средства кои се изразени со 6 и 7 цирфи во ввра, да бидат надгласувани од анонимуси и од фантом клубови кои се формираат само за да имаат претставник во Собранието на ОФС.

Откако ќе се случи усогласувањето со Законот за спорт кое треба да се случи веднаш, да се организираат Собранија на ОФС и ФФМ и да се изберат Претседатели според Законот за спорт, а ФК Тетекс 1953 ќе го поддржи нивниот избор без оглед за кого ќе станува збор.

Со почит, ФК Тетекс 1953 – Тетово“, стои во соопштението на Тетекс.

Тетовци се последните во низа кои јавно побараа да се усогласи Статутот на ФФМ со Законот за спорт, кој предвидува мнозинство во Собранието да даваат клубовите. Претходно еден куп клубови исто така објавија дека не ја прифаќаат ваквата поставеност во Собранието на ФФМ, а притоа ги бојкотираа своите општински Собранија.

Почитувани, Сакаме да ја информираме целокупната јавност дека ФК Тетекс 1953 нема да учествува на Собранието на ОФС...

Posted by ФК Тетекс - Тетово / официјална страна / FC Teteks - Tetovo on Tuesday, 16 February 2021